Потрошувачката на ракија во Бугарија и натаму опаѓа, додека младите генерации се повеќе се дистанцираат од алкохолот, покажа најновата студија на „Спиритс Булгариа“.

Според истражувањето, уделот на луѓе кои консумираат домашна ракија опаднал од 64 насто во 2021 на 50 насто оваа година. Истовремено, според студијата, претставниците на генерацијата Z, избегнуваат да пијат алкохолни пијалоци.

Што се однесува до консумацијата на алкохол, виното останува најзастапен алкохолен пијалок во Бугарија, а потоа следат пивото, па жестоките пијалоци.

Од жестоките пијалоци Бугарите најмногу пијат ракија, а потоа следуваат виски и водка.

Слични новости