Телото на младиот 16-годишен македонски државјанин Стивен Ивановски е идентификувано за што биле известени македонските дипломати во Швајцарија.
Член на семејството потврдил дека момчето е најдено починато и идентификувано преку ДНК анализа, велат од владата која изразува длабоко жалење и сочувство за македонската жртва во пеколната новогодишна прослава во познатиот ски центар Кран Монтана во Швајцарија.
Тешката, спора и сеопфатна идентификација на 40-те загинати, како и на дел од тешко повредените дури утрово даде први официјални податоци за настраданите.
Идентификувани се 4 загинати Швајцарци, две девојки на возраст од 16 и 21 година, и две момчиња тинејџери на 16 и 18-годишна возраст. Телата се предадени на нивните семејства.
Уште 36 жртви се во мртовечница, а многу родители се гневни поради спората реакција и немањето доволно информации за сопствените деца меѓу кои има и многу малолетни.
Слични новости
Трендафилов: За нивните плати функционерите ги боли
Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов, реагираше на ставовите на Владата дека барањето за намалување на функционерските плати е политиканство и неуставно.
Македонија на зимските олимписки игри со четворица претставници
Вечерва во Италија официјално ќе бидат отворени 25. Зимски олимписки игри (ЗОИ) Милано – Кортина 2026. Главната церемонија на свеченото отворање ќе почне вечерва во 20 часот на стадионот „Џузепе Меаца“ во Милано.
Во вчерашната акција на полицијата неофицијално запленети 27 тони марихуана
Во центарот на истрагата е компанијата „Алфафарм“ ДОО Скопје, основана во 2023 година и лиценцирана за медицински канабис во 2024 година.


