Традиционални грчки и модерни мелодии подготвува младинскиот хор од Солун за настапот во Скопје следната сабота, што воедно ќе биде нивно прво претставување кај нас, а советникот по музичко образование во источен Солун, Андонис Константинидис во разговор со дописничката на МИА од Атина открива дека на концертот ќе присуствуваат и деца од Кочани.
Концертот насловен „Wandering Echoes“ ќе се одржи на 15 ноември во малата сала на Македонската филхармонија, а хорот на Музичкото училиште во Солун ќе настапи со разновидна програма што ќе вклучува широк спектар на песни, од традиционална до модерна музика.
Солунскиот хор, диригиран од Ангелики Крисила го сочинуваат 39 девојчиња од средни училишта, а Константинидис, кој е надлежен за проектот, открива дека концертот во Скопје ќе има и уште една симболична и емотивна димензија.
– Поканети ќе бидат и десет деца од Кочани кои ќе се запознаат со децата од хорот, тие ќе бидат наши гости и им подготвуваме и мало изненадување. Ќе го следат концертот, планирано е дружење и заеднички ручек. Ова ќе биде во чест и спомена на сите што ги загубија животите дали во Кочани или на кое било друго место каде што се случила таква трагедија, вели Константинидис за МИА.
Хорот на Солунското музичко училиште е еден од најдобрите, со низа успеси, но и планирани концерти, настапи во иднина.
– Хорот има долгогодишна традиција и е признаен за успесите. Во минатото има одржано голем број концерти во големи концертни сали. На овој начин се обидуваме да изградиме мост на соработка со соседната земја врз основа на културата и хуманизмот, вели Константинидис.Концертот во Скопје е на покана на Грчката амбасада и во соработка со Солунскиот државен симфониски оркестар во рамките на програмата балканска соработка и општата екстровертност на оркестарот.
Влезот за концертот е слободен, но потребна е претходна регистрација на линкот: https://forms.gle/eJmVgVnydVcmxdxk8 .
Слични новости
Затворен граничниот премин Евзони од 11 часот
Граничниот премин Евзони од денеска во 11:00 часот е затворен за сообраќај, информира АМСМ. Засега нема информации кога ќе биде повторно отворен преминот.
Катица Јанева условно пуштена од „Идризово“
Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева доби условен отпуст и на почетокот на неделата го напушти затворот „Идризово“, иако нејзината затворска казна формално трае до 2027 година.
Рената Дескоска избрана за потпретседателка на Венецијанската комисија
Дескоска нагласува дека станува прва потпретседателка на Венецијанската комисија која доаѓа од Северна Македонија, но и воопшто од земја која не е членка на Европската унија


