Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис најави четиригодишен план на намалување на даноците и зголемување на минималната плата. Мицотакис овие мерки ги најави за време на Меѓународниот саем во Солун, традиционално важниот стопански и политички настан во Грција, со ветување дека ќе има „скок во благосостојба за сите“, пренесува Еуроактив.
Мицотакис најави намалување на даноците за земјоделците, самовработените, пензионерите и вработените во јавниот сектoр, како и постепено зголемување на минималната плата на 1.000 евра до 2028 година.
Аналитичарите коментираат дека ветувањата на Мицотакис треба да се гледаат и во контекст на падот на поддршката на неговата владејачка партија Неа Демократиа.
Слични новости
Американските берзански индекси С и П 500 и Насдак на нови историски максимуми
Индексите пораснаа поддржани од силниот раст на технолошките компании и падот на приносот од американската државна обврзница, пренесе Си-Ен-Би-Си.
Нафтата Брент околу 100 долари за барел, по новите нестабилности на Блискиот исток
Цената на меѓународната референтна нафта Брент денеска повторно се тргува за околу 100 долари за барел, откако во претходната сесија падна на 98 долари за барел.
Европските индекси во плус, нафтата Брент падна на 101 долар за барел
Денеска на берзите цената на нафтата Брент падна за 0,74 насто на 101,5 долари за барел, а американската лесна нафта ВТИ падна за 1.29 насто на 89,9 долари за барел.


