Премиерот Христијан Мицкоски во ногогодишното обраќање истакна дека годината која ја испраќаме била година на сериозни предизвици, во која било неопходно да се направи стабилизација и консолидација, додека следната смета дека ќе биде година на раздвижување и на преобразба.
„Почитувани сограѓани, годината што ја испраќаме не беше лесна, таа беше година на сериозни предизвици! Година во која државата мораше прво да застане на нозе. После долг период на нестабилност, несигурност и на разнишани институции, беше неопходно да се направи стабилизација и консолидација. Тоа беше услов без кој не можеше да се оди понатаму“, рече премиерот.
Тој нагласи дека реформите што ги отпочнале не се козметички, туку се длабински и суштински.
„Таквите реформи бараат време, но тие се предуслов за функционална држава и здраво општество. Свесни сме дека за граѓаните најважно е како тоа се чувствува во секојдневниот живот“, рече Мицкоски.
За следната година тој очекува реализација на значајни инфраструктурни проекти, економско зајакнување, нови инвестиции, поддршка за стопанството и отварање можности за работа и развој.
„Со право можам да кажам дека 2026 година ќе биде година на раздвижување и година на преобразба, година на раст, со реализација на значајни инфраструктурни проекти, година на економско зајакнување, со нови инвестиции, поддршка за стопанството и отварање можности за работа и развој. Година на вкупна преобразба на Македонија. Година на надеж, но и на голема обврска. Обврска да се испорачаат резултати. Обврска да се оправда довербата од граѓаните. Обврска да се продолжи по патот на реформи, развој и стабилност. На сите ви посакувам здравје, мир и сила. Да влеземе во 2026 година со верба дека напорната работа ќе се исплати и дека Македонија ја движиме во вистинската насока. Среќна нова година“, порача премиерот Мицкоски во своето новогодишно обраќање.
Слични новости
Протест на ССМ за зголемување на минималната плата на 600 евра
Сојузот на синдикатите на Македонија денеска во Скопје ќе одржи работнички протест со барање за зголемување на минималната плата на 600 евра и линеарно покачување на сите останати плати за најмалку 6.000 денари.
Макпетрол: Намалувањето на цената од страна на ОКТА не е доволно
Од нафтената компанија „Макпетрол“ сметаат дека намалувањето на цените од 2,5 денари (со ДДВ) за литар на нафтените деривати од страна на ОКТА не е доволно и не го решава проблемот кој го налага моменталната ситуација.
ВМРО-ДПМНЕ обвини дека протестот на ССМ го координира опозициската СДСМ
Од СДСМ и ССМ веќе не се ни кријат за соработката која ја имаат со една единствена цел, а таае да ѝ наштетат на владата – порече Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ.


