Скопје денес е загубен во дневната политика, а жртва се граѓаните. Лоцирање одговорност мора да има за упропастениот град и оставениот хаос. Многу работа, посветеност и вистински луѓе на вистински места, тоа му е неопходно на Скопје, а Орце е вистинскиот избор, рече денеска премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

На партискиот промотивен настан за скопски градоначалник, најави нов пристап и многу повеќе теренска работа, како и силни, компактни тимови кои ќе соработуваат на централно и локално ниво.

„Тука сме за да работиме, а не да глумиме политика. Одговорноста пред граѓаните не е опција, туку обврска“, порача Мицкоски. 

Пред Мицкоски се обрати и кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Орце Ѓорѓиевски, кој најави „генералка“  на Скопје во првите 72 часа од мандатот.

Ѓорѓиевски на промотивниот настан што се одржa во Музејот на современа уметност вети интегриран јавен превоз, еколошки автобуси, целосно реновирање на Универзална сала и киното Милениум, воведување програма „Град без депонии“ и „Еко бригади“. Најави и пошумување на градот, како и 50 мали маалски паркови.

Како што истакна Ѓорѓиевски, најдоброто за Скопје допрва доаѓа.

„Пред нас е нова страница – на создавање вредности. Скопје мора да биде град во кој сите ќе живеат убаво. Ова не е само моја патека, туку на сите нас. Стојам пред вас не како политичар, туку како човек кој нема да гледа на мандатот како на личен успех, туку како на обврска кон граѓаните“, рече Ѓорѓиевски.

Скопје, дополни, мора да биде достоинствен дом на сите граѓани.

Мотото на промотивниот настан е „Прво човек, потоа градоначалник“.

globe

Слични новости

Саем за храна со домашни производи и специјалитети од сите региони во Македонија

Саем за храна со домашни производи и специјалитети од сите региони во Македонија

Под мотото „Вкуси ја традицијата преку домашна здрава храна“, Саемот ќе ги промовира производите „Македонско најдобро“. Саемот за храна ќе понуди богат избор на свежо овошје и зеленчук, млечни производи, мед, преработки од овошје и зеленчук и вино.

Побаран притвор за пет лица за поткуп, меѓу кои директорот на Платежната агенција и вработени во УЈП и МЗШВ

Побаран притвор за пет лица за поткуп, меѓу кои директорот на Платежната агенција и вработени во УЈП и МЗШВ

Дел од паричните средства кои биле дадени како поткуп, како што информираат од Обвинителство и МВР, во износ од 400 евра се пронајдени и одземени при вчерашниот претрес