Се трудам пораките што ги испраќам да се пораки над ситуација, да се пораки на смирување. Избори се, логично е да постои искра во одредени општини низ Македонија. Би било нелогично ако не е така. Иако е јасен победникот на овие локални избори, ние веќе правиме план за денот потоа бидејќи денот потоа ќе значи силна Влада, предводена од ВМРО-ДПМНЕ и коалициајата и огромен број општини поредводени од владината колицијата. Размислуваме за денот по изборите, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски по поставувањето камен-темелник на Дом за стари лица во Општина Зрновци.

Одговарајќи на новинарско прашање дали е задоволен од предложените кандидати за градоначалници, премиерот вели дека се труделе да бидат објективни и врз основа на она со кое располагале, како информации, да донесат најдобра одлука. 

„Имам доверба во секој еден од предложените кадровски решенија. Имам доверба дека ќе покажат вонредни резултати. Тука сме ние секојдневно да ја мониторираме нивната работа и доколку гледаме дека имаме намалување на динамиката и темпото на реализцијата на политиките кои се ветени спрема граѓните, да ги опомене. Така што никој не е вечен и никому ништо не е загарантирано и однапред априори дадено. Секој ќе мора да се потруди максимално, мора тоа што се ветува пред граѓаните и да се испорачува“, нагласи премиерот во Зрновци.

Премиерот Мицкоски изјави дека како како политичка партија и како Влада покажале дека се подготвени за соработка со медиумите. – И последниот извештај за транспарентност на институциите покажува огромен скок за Владата, не сме први, сме трети, но на подиумот сме и се надевам дека следното мерење ќе бидеме први, рече Мицкоски, додавајќи дека се е подготвено во штабовите, на терен се и се трудат да стигнат секаде.

globe

Слични новости

Мицкоски: Македонија останува посветена на европскиот пат

Мицкоски: Македонија останува посветена на европскиот пат

Како Влада остануваме целосно посветени на европскиот пат и на реформите кои ја прават државата посилна, пофункционална и поправедна. Ќе ги адресираме сите области каде е забележан застој со конкретни мерки и отчетност. Нашата цел е полноправно членство во рамки на ЕУ, порача премиерот Христијан Мицкоски на заедничката прес-конференција со ЕУ амбасадорот Михалис Рокас по примопредавањето на Извештајот за напредокот на земјава

Рокас: Задачата пред нас е јасна и работата треба да почне веднаш без одложување, сакаме да ја видиме Северна Македонија како го искористува овој момент

Рокас: Задачата пред нас е јасна и работата треба да почне веднаш без одложување, сакаме да ја видиме Северна Македонија како го искористува овој момент

Вашата земја навистина помина долг пат во евроинтеграциите. Основата ја имате, сега е време да ја надградите со обновена енергија, обединетост и посветеност. ЕУ останува со вас на секој чекор од патот и заедно ја споделуваме истата визија за иднина кадешто земјата ќе го заземе своето вистинско место во европското семејство, како силна, демократска и просперитетна членка – изјави евроамбасадорот, Михалис Рокас на заедничка прес-конференција со премиерот Христијан Мицкоски за Извештајот на Европската комисија за напредокот на земјата за 2025 година

ДИК ги одби сите 16 приговори за Брвеница, Шуто Оризари и Карпош

ДИК ги одби сите 16 приговори за Брвеница, Шуто Оризари и Карпош

Државната изборна комисија (ДИК) денеска на седница ги разгледа и одби како неосновани сите 16 приговори за постапките за гласање и за сумирање на резултати од гласањето локалните избори во три општини: Брвеница, Шуто Оризари и Карпош