Премиерот Христијан Мицкоски објави дека одржал работна средба со претставници на најголемите маркети во државата. „Во наредниот период ќе следат средби и со добавувачите и производителите, со цел заеднички да придонесеме годишната инфлација и цените на основните производи во јули да останат под 3 проценти.

Во изјава за медиумите, Мицкоски додаде дека на средбата со сопствениците на маркети, разговарале за кризата и ефектите.

„Една од целите со која сите се согласиле е годишната стапка на промена на цените на основните прехранбени производи да биде под 3%. За да се реализираова  потребно е да се сретнеме со дистрибутерите и добавувачите и заедно да бидеме општествено одговорни и граѓаните да добијат најквалитетна услуга по оптимално најниски цени. И за тоа се сложивме“ рече Мицкоски.

 

 

Слични новости

Министерот за здравство Клековски побара да нема „слободни јавачи на епидемијата“

Министерот за здравство Клековски побара да нема „слободни јавачи на епидемијата“

Министерот за здравство, Сашо Клековски ги нарече „слободни јавачи на епидемијата“ оние доктори кои објавуваат стручни мислења и совети за евентуални последици од консумирање на загадена вода преку социјалните мрежи.

Општините со милијарди денари ненаплатени даноци и такси

Општините со милијарди денари ненаплатени даноци и такси

ДЗР утврди дека единиците на локалната самоуправа не ги користат целосно своите фискални капацитети, што резултирало со речиси три милијарди денари ненаплатени побарувања од даноци, такси и надоместоци во периодот од 2020 до 2024 година.