Премиерот Христијан Мицкоски на средба со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, ја реафирмирал цврстата определба за понатамошно јакнење на соработката со НАТО и активен придонес кон регионалната и глобалната безбедност.

Во духот на сојузништвото и заедничките вредности, разговаравме за актуелните безбедносни предизвици, улогата на Алијансата во зачувувањето на стабилноста и мирот, како и за придонесот на нашата држава во рамки на колективната одбрана, напиша Мицкоски на Фејсбук по вчерашната средба со Руте.

Генералниот секретар на НАТО Марк Руте порача дека НАТО ќе ја брани секоја педа од својата територија и нема да дозволи појавување на безбедносен вакуум во регионот. Тој порача дека НАТО не е инволвиран во конфликтот на Блискиот исток

Слични новости

Судењето за пожарот во „Пулс“ продолжува со нови сведоци

Сведоците посочија дека во „Пулс“ немало видливи противпожарни апарати, дека единствениот излез бил главниот влез и дека кратко пред пожарот полицијата вршела контрола, но не реагирала на пиротехниката која била користена без одобрение.