Сите реформи кои се правени во вториот пензиски столб во Европа имаа неколку сценарија, едно е национализација и тука ќе бидам личен и ќе кажам дека сум човек кој најмалку поддржува такво решение, порача премиерот Христијан Мицкоски во интервју во „Топ тема“ на ТВ Телма.

„Второто решение е во одреден период задолжителната уплата се стопира. Тоа беше најчесто применето во времето на корона кризата и тие средства се пренасочат во државниот пензиски столб. И тоа се случувало најчесто кај балтичките земји.

Имаме и модели каде што намален процентот, да речеме ако е 6, да биде 5,4,3, итн. Имаме модели каде што е дозволено да имаме доброволна уплата и во државниот и во приватниот. Така што има повеќе модели што праксата ги познава, но не е исклучено и некое хибридно решение“, изјави Мицкоски.

 

Слични новости

СДСМ: Народот гледа што договори Муцунски во Софија

СДСМ: Народот гледа што договори Муцунски во Софија

СДСМ побара итна оставка од Тошковски, наведувајќи дека тој треба да понесе одговорност поради низата скандали. Од партијата бараат да се утврди кој сè е вмешан во случајот и сите одговорни да сносат последици.