Премиерот Христијан Мицкоски рече дека очекува денеска да поевтинат горивата – бензините меѓу 2,5 до 3 денари, а 7 денари да поевтини дизелот по литар.

Тој рече дека ова се математиките на Владата, а треба да се види кои се пресметките на Регулаторната комисија.

На прашање дали ќе има намалување на цените на прехранбените производи, Мицкоски најави дека ќе има средба со дистрибутери, трговци и маркети и ќе им порача дека „кризата заврши“.

Пораката според Мицкоски ќе биде дека граѓаните биле толерантни, сега е на ред тие да им се оддолжат и веднаш да ги намалат цените на производите, посбено на основните прехранбени производи.

 

Слични новости

Обвинителството ќе ја анализира пресудата па ќе донесе одлука дали да ја обжали пресудата за Талир 2

Обвинителството ќе ја анализира пресудата па ќе донесе одлука дали да ја обжали пресудата за Талир 2

Јавното обвинителство ќе донесе одлука дали ќе ја обжали ослободителната пресуда во предметот „Талир 2“ откако ќе ја добие и анализира писмено изработената пресуда и нејзиното образложение, изјави денеска државниот јавен обвинител Ненад Савески.

СДСМ обвини дека Македонија не е правна држава туку систем во кој Мицкоски одлучува кој е над законот

СДСМ обвини дека Македонија не е правна држава туку систем во кој Мицкоски одлучува кој е над законот

Портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска на денешната прес конференција обвини дека Македонија не е правна држава, туку контролиран систем во кој Христијан Мицкоски одлучува кој ќе биде над законот, а кој ќе биде прогонуван.