Околу аферата Алта банка на која во матичната земја Србија и беше одземена лиценцата, а истото го стори и Црна Гора со подружницата на Алта банка во таа земја.  

Мицкоски рече дека во случајот со Алта банка Македонија има две сценарија: „Првото е да се обезбеди купец што ќе биде многу тешко, затоа што СДСМ држи прес конференции пред Народната банка и ги одвраќа потенцијалните можни купувачи кои би ја консолидирале банката. Второто е банката да не пронајде купец и да влезе во стечај“.

Мицкоски побара Јавното обвинителство да отвори истрага против опозицијата за кривично дело саботажа, затоа што како што рече, свесно го урива Уставот и државниот поредок ширејќи невистини.

Премиерот побара кривична истрага против опозицијата откако СДСМ објави документи на кои министерката за финансии Кочоска на седница на влада предложила влез на Алта банка во Македонија, а таа рече дека одлуката ја донела Народната банка и дека Гувернерот Трајко Славески за таквата одлука не ја известил.

Слични новости

Македонија одбележува 35 години независност

Македонија одбележува 35 години независност

На 8 септември 1991 година, граѓаните на Македонија на историскиот референдум со убедливо „за“ ја потврдија волјата за суверена и самостојна држава. Референдумското изјаснување претставуваше пресвртница со која започна процесот на создавање независна македонска држава