Премиерот Христијан Мицкоски денеска кажа дека маркетите кои не го почитуваат Законот, ќе се соочат со повисоки казни, и како што кажа тој, некои од нив ќе мора да стават и клуч на врата.

„Ние веќе неколку месеци испраќаме контроли. Има ланец маркети кои се соочија со казни. Но, ако продолжат вака да го изигруваат законот за нефер трговски пракси, тогаш ќе мора да стават клуч на врата“, изјави Мицкоски.

Нефер трговските практики на трговците се предмет на постојана анализа и спор меѓу властите и трговците, бидејќи се смета дека со нереланите маржи трговците се еден од главните генератори на инфлацијата. 

 

 

Слични новости

Се очекуваат новите цени на горивата во Македонија, откако нафтата повторно поскапе на светско ниво

Се очекуваат новите цени на горивата во Македонија, откако нафтата повторно поскапе на светско ниво

Цените на нафтата нагло пораснаа минатата недела, втора по ред, бидејќи кризата на Блискиот Исток го спречи извозот на нафта преку Ормутскиот теснец, па во двете недели од нападот на САД и Израел врз Иран