Премиерот Христијан Мицкоски упати остри пораки за текот на македонските евроинтеграции, оценувајќи дека државата е жртва на класичен булинг од страна на земји членки на ЕУ. Мицкоски порача дека напредокот на Македонија не се вреднува според реформите, туку исклучиво преку наметнување политички услови.

„Не се цени напредокот, туку тоа дали ќе го промениме Уставот, банкнотите, знамето. Колку повеќе го игнорираме тоа, толку потежок ќе биде патот“, изјави Мицкоски.

Премиерот  ги обвини поранешните политички гарнитури дека поради неспособноста да се справат со домашниот криминал и корупција, прифаќале сѐ што ќе им се понудело на парче „бела хартија“ само за да останат на власт.

Мицкоски предупреди на нова иницијатива која, според него, се разгледува во Брисел – создавање на земји членки од „прва и втора лига“.

Тој оцени дека овој концепт бара сериозно размислување и мудри одлуки од наша страна, потенцирајќи дека народот мора да биде трпелив во овие историски моменти бидејќи нема ништо полошо за една нација од корумпирани лидери.

 

Слични новости

Рокас: Уставните измени се клучни за напредок кон ЕУ

Рокас: Уставните измени се клучни за напредок кон ЕУ

Евроамбасадорот Михалис Рокас порача дека обврските преземени во 2022 година, вклучително и уставните измени, треба да бидат спроведени за Македонија да го продолжи патот кон отворање на преговорите со Европската Унија.

Самит ЕУ-Западен Балкан во Тиват

Самит ЕУ-Западен Балкан во Тиват

Според најавите Германскиот канцелар Фридрих Мерц и Францускиот претседател Емануел Макрон планираат на Самитот ЕУ – Западен Балкан и Молдавија да презентираат нова иницијатива со која ќе се забрза интеграцијата на земјите кандидатки од Западен Балкан во ЕУ.