Состојбата со горивата во Македонија е стабилна вели премиерот Христијан Мицкоски кој порача дека во Македонија земјава има доволни количини горива и за граѓаните и компаниите.

Премиерот Мицкоски рече дека е факт оти Македонија има најниски цени на горивата во регионот. Тој рече дека владата будно ја следи ситуацијата и дека ќе реагира во зависност од настаните.

Дополнително, посочи дека АД ЕСМ остварува приходи од продажба на струја и дека нема да има поскапување на електричната енергија за граѓаните.

Слични новости

СДСМ денеска одржува Конгрес

Првиот човек на сдсм, Венко Филипче смета дека поранешни членови на партијата и функционери одработувале за власта и наместо да се занимаваат со, како што рече, лошите политики на актуелната влада, тие пак и натаму се занимаваат со СДСМ.