Минимална промена кај цената на дизел горивата од половина денар или таа да остане иста, а кај бензините поскапување за денар и половина до два. Овие проекции ги соопшти премиерот Христијан Мицкоски кој напомена дека одлуката која ќе ја соопшти Регулаторната комисија се однесува за минатата недела.
Тој очекува од следната недела да има значајно намалување.
По договорот што го постигнаа САД и Иран, цените на берзите на нафтата и нафтените деривати драматично паднаа и се движат од 82-83 долари за барел.
Мицкоски е задоволен како земјата се справила со кризата, зашто немало рестрикции на горива а поради пониските цени споредено со соседните земји, граѓани од соседството доаѓале во Македонија да полнат бензин.
Слични новости
Обвинителството ќе ја анализира пресудата па ќе донесе одлука дали да ја обжали пресудата за Талир 2
Јавното обвинителство ќе донесе одлука дали ќе ја обжали ослободителната пресуда во предметот „Талир 2“ откако ќе ја добие и анализира писмено изработената пресуда и нејзиното образложение, изјави денеска државниот јавен обвинител Ненад Савески.
СДСМ обвини дека Македонија не е правна држава туку систем во кој Мицкоски одлучува кој е над законот
Портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска на денешната прес конференција обвини дека Македонија не е правна држава, туку контролиран систем во кој Христијан Мицкоски одлучува кој ќе биде над законот, а кој ќе биде прогонуван.
Кризната состојба за нафтата продолжена за уште три месеци поради ризици ризици во снабдувањето
Кризната состојба на пазарот со нафта и нафтени деривати продолжена за уште три месеци, поради скокот на цената на нафтата на светските берзи


