Во првиот квартал од годинава се очекува да бидат поднесени до Парламентот законските измени со кои ќе се зголемат глобите за оние трговски ланци кои не ги почитуваат одредбите од Законот за нефер трговски практики во кој сега максималната глоба е 20.000 евра. 

„Како Влада не сме љубители веднаш на репресивни мерки и секогаш во моите изјави се обидувам да испратам порака до тие кои се однесуват незрело, неодговорно и лакомо. На тој начин не може да се води бизнис – кога само едната страна добива. Тие сакаат да водат бизнис, тие да добиваат, а граѓаните да губат. Во овој случај, неколку ланци на маркети добиваат и бидејќи гледам дека сите наши апели не стигнуваат и се обидуваат да ги видоизменат тие нефер трговски пракси, тоа внимателно го документираме и следиме. Кога ќе бидеме целосно подготвени, а тоа мислам дека ќе биде наскоро, ќе преземеме жестоки мерки“, изјави премиерот при денешното пуштање во употреба на градинка во Сопиште. 

 

За тоа дали тие маркети се дел од ланецот за кои беше утврдено дека квартално се здружувале, тој рече дека тоа е случај од минатата власт на СДСМ и ДУИ и дека оваа Влада само го процесуирала. 

„Тоа е рецидив од претходната влада на СДСМ и ДУИ, оваа Влада само го процесуираше. Однесувањето на оваа Влада е да има порака на опомена. Гледаме дека тие два-три ланци на маркети не се корегираат и ако не можат да ја препознаат пораката и главен интерес им е профитот на сметка на граѓаните, тогаш како Влада немаме други опции за да ги заштитиме граѓаните“, рече Мицкоски. 

globe

Слични новости

Премиерот Мицкоски на Конгрес на Европската народна партија во Брисел

Премиерот Мицкоски на Конгрес на Европската народна партија во Брисел

Делегацијата на Мицкоски ја сочинуваат партискиот генерален секретар, Драган Ковачки, и членот на Извршниот комитет, Стефан Андоновски. Тие ќе присуствуваат и на свеченоста со која Европската народна партија ќе ја одбележи 50-годишнината од своето постоење

Заврши евакуацијата на македонски државјани од Блискиот исток, вратени се 605 дома

Заврши евакуацијата на македонски државјани од Блискиот исток, вратени се 605 дома

Министерството за надворешни работи информира дека, заклучно со вчерашниот лет, целосно е завршена евакуацијата на сите македонски државјани од земјите на Блискиот Исток, кои до овој момент беа пријавени и изразија подготвеност за евакуација.