На собирот беа илјадници луѓе од цела Србија. Во текот на целиот ден, во сите протестни зони во Нови Сад владееше тишина, без слогани.

Студентите по 16-минутната тишина вечерва објавија дека комеморативниот собир е завршен и упатија порака – „Се гледаме утре и секој друг ден додека не се задоволи правдата“.

Пред една година на денешен ден во Нови Сад, 16 лица загинаа, а едно девојче беше тешко повредено кога се урна настрешницата на реновираната железничка станица. Една година подоцна, кривичната одговорност за тој настан се уште не е утврдена.

Комеморативниот собир помина мирно, а за време на говорот, Дијана Хрка, мајката на загинато момче од падот на бетонската настрешница, најави штрајк со глад и го повика претседателот Александар Вучиќ да распише избори.

 

Слични новости

Зеленски задоволен од разговорот со Виткоф

Зеленски задоволен од разговорот со Виткоф

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во саботата изјави дека имал долг и „содржаен“ телефонски разговор со специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, како и со зетот на Трамп, Џаред Кушнер