Министерството за јавна администрација денеска официјално започна со првиот циклус на обуки за користење на модернизираната верзија на Информациониот систем за управување со човечки ресурси (ИСУЧР), клучна алатка во дигиталната трансформација на јавниот сектор.
Обуките се одвиваат паралелно на две локации, a целта на обуките е да се овозможи детално запознавање на институциите со новите функционалности на системот, неговата практична примена, како и да се обезбеди унифицирано и ефикасно користење низ целиот јавен сектор.
Системот ИСУЧР, кој досега беше нефункционален и ограничено употребуван, сега е целосно обновен, функционален, технолошки унапреден и, за првпат, во целосна сопственост на државата.
Новата верзија овозможува централизирана пресметка на плати, дигитално управување со човечки ресурси, мобилност и кариерен развој во реално време, интероперабилност со други државни системи, како и директен пристап на секој вработен до сопственото електронско досие.
Со овие обуки ќе бидат опфатени сите јавни институции, со цел до крајот на 2026 година целосно да се интегрираат во ИСУЧР. Обуките се задолжителни за сите вработени задолжени за човечки ресурси и ќе бидат поддржани со постојана техничка поддршка.
Системот ќе се ажурира редовно, на секои шест месеци, според реалните потреби и технолошкиот напредок, нов стандард во јавната администрација на Република Македонија.
Министерството за јавна администрација останува посветено на создавање ефикасни, транспарентни и европски институции што работат за граѓаните.
Слични новости
Саем за храна со домашни производи и специјалитети од сите региони во Македонија
Под мотото „Вкуси ја традицијата преку домашна здрава храна“, Саемот ќе ги промовира производите „Македонско најдобро“. Саемот за храна ќе понуди богат избор на свежо овошје и зеленчук, млечни производи, мед, преработки од овошје и зеленчук и вино.
Променливо облачно време со локални врнежи од дожд
Времето денеска ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд, кои повремено ќе бидат пообилни. Се очекува и невреме со пообилен пороен дожд, засилен ветер и појава на грмежи.
Побаран притвор за пет лица за поткуп, меѓу кои директорот на Платежната агенција и вработени во УЈП и МЗШВ
Дел од паричните средства кои биле дадени како поткуп, како што информираат од Обвинителство и МВР, во износ од 400 евра се пронајдени и одземени при вчерашниот претрес


