Министерството за правда на САД објави над 3 милиони документи и фотографии поврзани со секс скандалите во случајот Епстин, но напомена дека дел од материјалите содржи неосновани тврдења кои се поднесени на ФБИ непосредно пред претседателските избори во 2020, пренесе ЦБС.

Министерството за правда истакнува дека тврдењата не се потврдени и дека да имаат кредибилитет, веќе би биле користени против претседателот Трамп.

Објавените записи поттикнуваат од сусдските случаи против Епстин и неговата партнерка Гилен Мексвел, случајот на Флорида кој го истражува поранешниот батлер на Епстин, повеќекратните истраги на ФБИ и интерната истрага на министерството за правда за смртта на Епстин.

Државниот обвинител на САД Пем Бонди упати писмо до американскиот Конгрес во кое потврдува дека објавувањето на документацијата претставува завршување на процесот на идентификација и прегледи, со напомена дека министерството за правда преземало „невидени и опсежни напори“ за да се обезбеди транспарентност за јавноста.

Објавените досиеја го содржат и нацрт обвинението од Флорида во 2000-та, кое укажува на соучесници на Епстин, чии имиња не се објавени, а кои планирале да наговорат, поттикнат и привлечат лица помлади од 18 години на проституција.

Досијеата содржат вознемирувачки детали за сексуално злоставување на стотици жртви на Епстин, вклучуваќи и малолетни жртви.

Слични новости

Обвинителството во Хаг побара по 45 години затвор за поранешните лидери на ОВК

Обвинителството во Хаг побара по 45 години затвор за поранешните лидери на ОВК

Главната обвинителка Ким Вест му предложи на судот да ги осуди Хашим Тачи, Кадри Вејсели, Реџеп Селими и Јакуп Красниќи по сите 10 точки од обвинението, поради нивниот личен придонес во кривичните дела.

Киднапиран венецуелскиот опозициски лидер Хуан Пабло Гуанипа

Киднапиран венецуелскиот опозициски лидер Хуан Пабло Гуанипа

Венецуелскиот опозициски лидер Хуан Пабло Гуанипа е киднапиран во Каракас околу полноќ по локално време, само неколку часа откако беше ослободен од затвор, објави опозициската лидерка и добитничка на Нобелова награда за мир, Марија Корина Мачадо.