Владите на државите членки на ЕУ би требало да се подготват за долготрајно пореметувања на енергетските пазари како последица на војната со Иран, порача комесарот за енергетика на ЕУ Дан Јоргенсен.  

Министрите за енергетика на ЕУ денеска ќе одржат итен состанок, а комесарот за енергетика им го испрати ова предупредување на министрите во писмена форма пред состанокот.

Засега снабдувањето со енергенти во Европа не е пореметно, но глобален предизвик претставуваат недостигот од 11 милиони барели дневно и 300 милиони кубни метри течен гас.

Слични новости

Морган Стенли укинува 2.500 работни места

Намалувањето на бројот на работните места се случи во три главни дивизиски банки- инвестициското банкарство и трговијата, управување со богатството и управување со инвестициите.

Стравот од долга војна ги подигна цените на енергентите кон максимум

Цените на гасот се ближат кон тригодишниот максимум, додека цената на нафтата Брент надмина 84 долари по барел. На берзите завладеа страв дека војната на САД и Израел против Иран ќе трае подолго од тоа што се очекуваше.