Кошаркарите на Минесота на гстински терен го победија Сан Антонио со 104:102 во првиот меќ од полуфиналето во западната конференција. Најдобар кај Минесота беше Џулиус Рендл со 21 кош и 10 скокови, Ентони Едвардс постигна 18, а Џејден Мекданиелс и Теренс Шенон постигнаа по 16.
Кај Сан Антонио најдобар беше Виктор Вембенјама кој имаше дури 12 блокади на мечот со што постави нов рекорд во плеј офот на НБА лигата, но неговиот тим беше поразен откако во последната секунда од мечот Џулијан Шампањи промаши шут за тројка.
Сан Антонио го претрпе само вториот пораз во последните 17 отварања на плеј офот на домашен терен. Следниот меч се игра ноќта меѓу средата и четвртокот, повторно во Сан Антонио.
Слични новости
Робин Ван Перси доби отказ во Фејенорд
Менаџментот на Фејенорд реши да ја прекине сорабтката со тренерот Робин Ван Перси една година пред истекувањето на договорот на холандскиот стручњак.
Новак Ѓоковиќ падна на седмото место на АТП листата, Јаник Синер и натаму прв
Најдобриот тенисер на сите времиња Новак Ѓоковиќ падна за три позиции и на најновата АТП ранг листа го зазема седмото место. Ѓоковиќ кој беше елиминиран во третото коло на Ролан Гарос загуби 700 бодови и сега има 3.760.
Ненад Димитриевиќ на чекор до потпишување договор со Арис
Македонскиот кошаркарски репрезентативец Ненад Димитриевиќ следната сезона најверојатно ќе игра за солунски Арис, пренесува грчкиот спортски портал „Спорт 24“.


