Кошаркарите на Минесота на гстински терен го победија Сан Антонио со 104:102 во првиот меќ од полуфиналето во западната конференција. Најдобар кај Минесота беше Џулиус Рендл со 21 кош и 10 скокови, Ентони Едвардс постигна 18, а Џејден Мекданиелс и Теренс Шенон постигнаа по 16.
Кај Сан Антонио најдобар беше Виктор Вембенјама кој имаше дури 12 блокади на мечот со што постави нов рекорд во плеј офот на НБА лигата, но неговиот тим беше поразен откако во последната секунда од мечот Џулијан Шампањи промаши шут за тројка.
Сан Антонио го претрпе само вториот пораз во последните 17 отварања на плеј офот на домашен терен. Следниот меч се игра ноќта меѓу средата и четвртокот, повторно во Сан Антонио.
Слични новости
Аргентина убедлива против Исланд во генералната проба за Светското првенство
Фудбалерите на Аргентина го победија Исланд со 3:0 во последната подготвителна средба пред почетокот на Светското првенство во фудбал. За актуелните светски прваци последните 20 минути од натпреварот ги одигра и Лионел Меси и покажа дека е подготвен за Мундијалот.
Атлетико Мадрид ја одби понудата на Реал од 150 милиони евра за Хулијан Алварез
Реал Мадрид денеска соопшти дека неговиот градски ривал Атлетико ја одби понудата од 150 милиони евра за аргентинскиот напаѓач Хулијан Алварез. Шпанскиот спортски весник Марка потстетува дека Алварез има откуна клаузула од 500 милиони евра во договорот кој истекува во 2030.
Тренерот на Њујорк Мајк Браун се жали на судењето во финалето
Тренерот на кошаркарите на Њујорк Никс Мајк Браун денес го критикуваше судењето на третиот натпревар од НБА финалето, откако сан Антонио изведе 24 слободни фрлања во второто полувреме, а Њујорк само 8.


