Минесота израмни на 2:2 во серијата со Сан Антонио откако утринава на свој терен победи со 114:109. Клучниот момент на натпреварот се случи во третата четвртина кога најдобриот играч на Сан Анатонио Виктор Вембенјама го удри со лакт во вратот Наз Рид, по што беше исклучен од натпреварот.

Сега се очекува и евентуална казна за Вембенјама кој поради овој неспортски потег може да биде суспендиран за петтиот меч кој се игра во среда во Сан Антонио.

Најдобар кај Минесота во важната победа беше Ентони Едвардс кој постигна 36 коша, а Руди Гобер постигна 11 поени со 13 скокови.

Кај Сан Антонио најпрецизни беа Харпер и Фокс со по 24 коша.

Слични новости

Ерлинг Хасланд ја одведе Норвешка во нокаут фазата

Ерлинг Хасланд ја одведе Норвешка во нокаут фазата

Фудбалерите на Норвешка го победија Сенегал со резултат 3:2, со што се пласираа во нокаут фазата на Светското првенство во фудбал. Во последното коло дуелот Норвешка-Франција ќе одлучува за првото место во групата.

Ајакс бара нов тренер, Оскар Гарсија замина

Ајакс бара нов тренер, Оскар Гарсија замина

Шпанскиот тренер Оскар Гарсија и холандскиот фудбалски клуб Ајакс денеска договорно ја раскинаа соработката, по турбулентната сезона во која Ајакс заврши на петтото место во холандското првенство и не избори Лига на шампиони.