Кошаркарите на Минесота утринава на домашен терен ја победија екипата на Денвер со резултат 113:96 во третиот натпревар од четвртфиналето на Западот и поведоа со 2:1 во серијата.
Најефикасен кај Денвер беше Никола Јокиќ со 27 коша, но со очаен шут за тројка 2 од десет и 5 од 16 за два поени, поради исклучителната одбрана на Вулвси.
Кај МИнесота најефикасен беше резервниот играч Ајо Досунму со 25 коша, Џејден Мекданиелс даде 20, а Ентони Едвардс 17 коша.
Домашниот тим водеше од почетокот до крајот на мечот. Минесота стигна до двоцифрена предност во првата четвртина и константно ја зголемуваше предноста. Арон Гордон не играше за Денвер поради повреда.
Слични новости
Англија одигра непопуларни 0:0 против Гана
Англија одигра нерешено 0:0 против селекцијата на Гана во второто коло од групата Л на Светското првенство во фудбал, иако имаше огромен посед на топката и создаде неколку изгледни прилики за гол.
Кристијано Роналдо стрелец и на својот шести шампионат во убедливата победа на Португалија
Фудбалерите на Португалија убедливо ја совладаа селекцијата на Узбекистан со 5:0, а натпреварот беше решен уште во првото полувреме, кога Португалците поведоа со 3:0 со два гола на Роналдо и еден на Мендес.
Меси испиша историја на Светските првенства
Меси е стрелец е на сите 5 голови што Аргентина досега ги постигна на првенството, а со 18 голови стана и најдобар стрелец во историјата на Светските првенства во фудбал, пред Германецот Мирослав Клосе кој им постигнато 16.


