Милвоки Бакс ја победи Индијана на гостински терен со 117:115 со кош во последната секунда на Јанис Адетокумбо. Грчката суперѕвезда постигна 33 коша, 13 скокови и 5 асистенции за Милвоки, а Кајл Кузма постигна 15 од клупата.

Кај Индијана најдобар поединец беше Паскал Сиакам со 32 коша и 8 асистенции, а Ајзеја Џексон постигна 21 кош со 10 скокови. Поранешниот центар на Индијана Мајлс Тарнер беше дочекан со свирежи во дресот на Милвоки, бидејќи навивачите не му го простија заминувањето од тимот кај лутиот ривал по 10 сезони.

Минатата година Индијана го елиминираше Милвоки од плеј офот и се бореше за прстен во финалето, но годинава тимот е значително ослабен пред се со повредата на најдобриот играч Тајрис Халибартон кој сезонава нема да може да игра.

Слични новости

Новак Ѓоковиќ се пласираше во финалето на тенискиот турнир во Атина

Новак Ѓоковиќ се пласираше во финалето на тенискиот турнир во Атина

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ денеска во финалето на тенискиот турнир во Атина ќе се бори за својот 101-ви трофеј во кариерата, откако во полуфиналето го совлада германскиот тенисер Јаник Ханфман со 2:0 во сетови