Се огласи и Министерството за здравство во врска со двегодишното дете кое почина по повреда во главата за време на новогодишната ноќ.

Од Здравство соопштија дека детето било примено на Ургентниот центар, а поради сериозноста на состојбата било згрижено на Клиниката за неврохирургија, на одделот за интензивна нега. Детето било интубирано, поставено на механичка вентилација, била ординирана антибиотска и антиедематозна терапија, како и 24-часовен мониторинг.

„Интензитетот на деструкцијата на мозочното ткиво не дозволуваше хируршко лекување. И покрај максималните напори на медицинскиот тим, исходот беше трагичен, како резултат на многу тешките повреди на мозокот од страна на метално страно тело“, соопшти Министерството за здравство.

Министерството изрази најдлабоко и искрено сочувство до семејството и до најблиските во овие неизмерно тешки моменти.

„Уште еднаш апелираме до сите граѓани, новогодишните празници да се одбележуваат мирно и достоинствено, без употреба на пиротехнички средства, петарди, а особено без користење огнено оружје. Последиците од ваквото неодговорно однесување се сериозни и, за жал, можат да бидат и фатални“, се додава во соопштението од Министерството за здравство.

Полицијата со детали за детето кое почина на скопски клиники откако на новогодишната ноќ било тешко повредено во глава од заталкан фрагмент.

Ќе се врши обдукција на телото на детето, а мајката во полиција изјавила дека забележала крв од главата на детето ноќта кога излегле во дворот да гледаат огномет.

– На 01.01.2026 во 00:58 во СВР Скопје, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ е пријавено дека кај нив во многу тешка состојба и со стран предмет во глава е донесено двегодишно дете од Скопје. Полициски службеници излегле на местото и извршиле службен разговор со мајката Г.Д.(21), која појаснила дека на 31.12.2025 пред полноќ излегла пред дворот од куќата на подрачјето на Гази Баба со детето и гледајќи огномет слушнала звук, по што забележала крв од главата на детето, известија од МВР.

Во полициска станица е извршен службен разговор и со таткото на детето М.А.(26).

Ноќеска во 01:58 часот 6 детето починало, а лекар констатирал смрт.

По наредба на јавен обвинител, телото на детето е дадено на обдукција и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

globe

Слични новости

Се очекуваат новите цени на горивата во Македонија, откако нафтата повторно поскапе на светско ниво

Се очекуваат новите цени на горивата во Македонија, откако нафтата повторно поскапе на светско ниво

Цените на нафтата нагло пораснаа минатата недела, втора по ред, бидејќи кризата на Блискиот Исток го спречи извозот на нафта преку Ормутскиот теснец, па во двете недели од нападот на САД и Израел врз Иран