Владата нема да го прифати  францускиот предлог со отворени раце и без испорака од страна на Европската Унија и Бугарија, кажа премиерот Христијан Мицкоски на одбележувањето на 11 Октомври – Денот на народното востание во Прилеп. Тој побара јасни гаранции од Европскиот совет дека нема проблем со македонскиот идентитет, јазик и култура, како и Бугарија да ги спроведе пресудите од Судот за човекови права во Стразбур за правата на Македонците.

„Нашата огромна пречка на патот кон ЕУ е прашањето со нашиот источен сосед, односно францускиот предлог што го прифати претходната влада. Сега тоа е пречката што мора да се премости. Но, да не заборавиме и на едно огромно лицемерие што се гледа во тоа што истите што не убедуваа дека нема подобар предлог од францускиот и дека со него е заштитен идентитетот, сега се обидуваат преку политички маневар да цртаат црвени линии од предлогот што самите го прифатија“ порача премиерот Мицкоски.

Слични новости

Ѓорѓиевски побара истрага поради нови сомнежи за злоупотреби во „Комунална хигиена“

Ѓорѓиевски побара истрага поради нови сомнежи за злоупотреби во „Комунална хигиена“

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, синоќа рече дека до него пристигнале нови информации поткрепени со документи кои, како што рече, укажуваат на можни финансиски злоупотреби во Јавното претпријатие „Комунална хигиена“. Побара надлежните институции веднаш да реагираат и да ги испитаат наводите

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ намерно го блокира собирањето на сметот за Ѓорѓиевски да прави пиар

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ намерно го блокира собирањето на сметот за Ѓорѓиевски да прави пиар

Ова е срамен однос и потценување на сопствените граѓани. Со месеци Скопје се давеше во ѓубре, скопјани секојдневно живееја во нечистотија од која изникнаа глодари а власта на ВМРО-ДПМНЕ не преземаше ништо, велат опозиционерите од СДСМ, коментирајќи ја 72-часовната акција на Ѓорѓиевски за чистење на главниот град