Германскиот канцелар Фридрих Мерц упати остри критики до американскиот претседател Доналд Трамп, оценувајќи дека неговите постапки во врска со конфликтот во Иран претставуваат „огромна ескалација“, а не обид за мир.
Мерц изрази сомнеж дека целта на Вашингтон е промена на режимот во Техеран.„Она што Трамп го прави во моментов не е изнаоѓање мирно решение, туку ескалација со неизвесен исход. Ако целта е смена на режимот, не верувам дека ќе ја постигнат, бидејќи таквите обиди во минатото најчесто пропаѓаа“, нагласи германскиот канцелар.
Тензиите меѓу Вашингтон и Берлин се зголемија откако Трамп ја критикуваше Германија за нејзиното одбивање да помогне во обезбедувањето на Ормуската Теснина. Трамп ги оцени како „неумесни“ изјавите на германските претставници дека конфликтот во Иран „не е нивна војна“.
Слични новости
Синиша Каран избран за нов претседател на Република Српска
Според прелиминарните резултати на Централната изборна комисија Синиша Каран освоил 50,54 насто од гласовите, а неговиот противкандидат Бранко Блануша 48,09 насто.
Обвинителството во Хаг побара по 45 години затвор за поранешните лидери на ОВК
Главната обвинителка Ким Вест му предложи на судот да ги осуди Хашим Тачи, Кадри Вејсели, Реџеп Селими и Јакуп Красниќи по сите 10 точки од обвинението, поради нивниот личен придонес во кривичните дела.
Киднапиран венецуелскиот опозициски лидер Хуан Пабло Гуанипа
Венецуелскиот опозициски лидер Хуан Пабло Гуанипа е киднапиран во Каракас околу полноќ по локално време, само неколку часа откако беше ослободен од затвор, објави опозициската лидерка и добитничка на Нобелова награда за мир, Марија Корина Мачадо.