Германскиот канцелар Фридрих Мерц упати остри критики до американскиот претседател Доналд Трамп, оценувајќи дека неговите постапки во врска со конфликтот во Иран претставуваат „огромна ескалација“, а не обид за мир.
Мерц изрази сомнеж дека целта на Вашингтон е промена на режимот во Техеран.„Она што Трамп го прави во моментов не е изнаоѓање мирно решение, туку ескалација со неизвесен исход. Ако целта е смена на режимот, не верувам дека ќе ја постигнат, бидејќи таквите обиди во минатото најчесто пропаѓаа“, нагласи германскиот канцелар.
Тензиите меѓу Вашингтон и Берлин се зголемија откако Трамп ја критикуваше Германија за нејзиното одбивање да помогне во обезбедувањето на Ормуската Теснина. Трамп ги оцени како „неумесни“ изјавите на германските претставници дека конфликтот во Иран „не е нивна војна“.
Слични новости
Израел срамни со земја зграда во Бејрут за која тврди дека била команден центар на Хезболах
Одбранбените сили на Израел соопштија дека во текот на ноќта израелското воено воздухопловство срамнило со земја повеќекатница во главниот град на Либан Бејрут за која Тел Авив тврди дека била команден центар на Хезболах.
Израел: Трамп сака договор со Иран, но тој е малку веројатен
Американскиот претседател Доналд Трамп се обидува да постигне договор со Иран за прекин на војната на Блискиот исток, но успехот на разговорите е малку веројатен, изјавија денеска високи израелски службеници
Претседателот на иранскиот парламент негира дека Иран преговара со САД за прекин на војната
Претседателот на иранскиот парламент Калибаф негираше дека Иран преговара со САД за прекин на војната и ја отфрли реториката на Трамп како прикриен обид за манипулирање со немирните глобални пазари.


