Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека европските лидери и претседателот на САД Доналд Трамп на самитот на Г7 постигнаа заеднички став за продолжување на политиката кон војната во Украина, со оценка дека Москва треба да биде изложена на поголем притисок за да се принуди на преговори.
По разговорите на лидерите на најразвиените западни земји во Франција, Мерц рече дека е охрабрувачка пораката на Трамп за потребата од окончување на конфликтот во Украина.
Според зборовите на Мерц лидерите на Г7 се согласиле дека е неопходно да се зголеми поддршката на Украина, но и да се зголеми притисокот врз Русија за да се создадат услови за преговори.
Германскиот канцелар оцени дека Вашингтон постепено се приближува до европската проценка дека Русија не може да ја добие војната со Украина на бојно поле.
Слични новости
Пекинг ги демнатираше обвинувањата на Трамп: не се мешаме во изборите во САД
Кина денеска ги отфрли обвинувањата на американскиот претседател Доналд Трамп дека се обидела да влијае врз изборите во Америка и дека наводно собрала податоци за милиони американски избирачи, истакнувајќи дека Пекинг не се меша во внатрешните работи на други држави.
Америка ги гаѓаше мостовите и ја урна кулата од која Иран го контролираше поморскиот сообраќај
Американските оружени сили денеска ги проширија воздушните удари врз Иран при што погодија повеќе мостови, а ја урнаа и кулата за надзор на поморскиот сообраќај во пристаништето Чабахар.
Трамп бара да им се одземат лиценците на телевизиите што не го пренесуваа во живо неговиот говор
Претседателот на Америка Доналд Трамп денеска изјави дека на телевизиските мрежи кои не го емитуваа неговиот говор за безбедноста на изборите во Америка треба да им се одземат дозволите за емитување програма.


