Бразилскиот клуб Коринтијанс соопшти дека го продолжил договорот со холандскиот фудбалер Мемфис Депај, пренесува шпанскиот весник „Марка“. Депај ќе потпише нов двогодишен договор со клубот, а одлуката ја одобрил Управниот одбор на Коринтијанс.
Претходно раководството на бразислкиот тим најави дека нема да продолжи соработката со холандскиот фудбалер. Во последен миг се случи пресврт, а претседателот на клубот изјави дека е среќен што успеале да обезбедат доволен број на гласови на Управниот одбор.
32 годишниот Депај во Коринтијанс стигна во септември 2024. Тој за бразислкиот клуб одигра 79 натпревари на кои постигна 20 голови.
Слични новости
Претседателот на шпанската Ла Лига побара оставка од Инфантино
Претседателот на шпанската фудбласка Ла Лига Хавијер Тебас изјави дека првиот човек на Меѓународната фудбалска федерација ( ФИФА) би требало да си поднесе оставка поради уништување на фудбалот.
