Бразилскиот клуб Коринтијанс соопшти дека го продолжил договорот со холандскиот фудбалер Мемфис Депај, пренесува шпанскиот весник „Марка“. Депај ќе потпише нов двогодишен договор со клубот, а одлуката ја одобрил Управниот одбор на Коринтијанс.
Претходно раководството на бразислкиот тим најави дека нема да продолжи соработката со холандскиот фудбалер. Во последен миг се случи пресврт, а претседателот на клубот изјави дека е среќен што успеале да обезбедат доволен број на гласови на Управниот одбор.
32 годишниот Депај во Коринтијанс стигна во септември 2024. Тој за бразислкиот клуб одигра 79 натпревари на кои постигна 20 голови.
Слични новости
Бруно Гимараеш од Њукасл во Арсенал во еден од најголемите трансфери ова лето
Бруно Гимараеш е нов играч за врска на Арсенал. Британските медиуми јавуваат дека Њукасл ја прифатил понудата од 75 милиони фунти, а претходно Бруно ги имаше договорено личните услови со Арсенал.
Мохамед Салах и официјално договори трансфер во турски Трабзонспор
Мо Салах ќе потпише со Трабзонспор договор на две години со плата од 22 милиони евра, плус бонуси, со што ќе стане најплатен фудбалер во Европа.
Арсенал конкретен во понудата да го доведе Винисиус Жуниор
Арсенал официјално воспостави контакти со агентите на Винисиус Жуниор и понуди плата од 400.000 фунти за Винисиус со што, ако се реализира трансферот, Бразилецот ќе стане најплатениот играч во историјата на англискиот клуб.


