Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека е поднесена кривична пријава против градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќура за „несовесно работење во службата“. 

„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против градоначалникот на општина Струга М.Ќ. (65) од селото Биџево, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.

На 18 ноември 2025 година, во својство на градоначалник на Општина Струга, спротивно од Законот за јавни претпријатија, донел одлука за именување на вршител на должност директор на ЈП „Водовод и канализација“ – Струга, со која го назначил М.Ј. од Струга и покрај тоа што знаел дека нема соодветно образование и соодветен сертификат за познавање на англиски јазик, информира МВР.

Слични новости

МВР денеска ги тестира камерите за „Безбеден град“ во Куманово и Тетово

МВР денеска ги тестира камерите за „Безбеден град“ во Куманово и Тетово

Министерството за внатрешни работи денеска во рамки на проектот „Безбеден град“ ќе спроведува активности за тестирање, калибрација и верификација на поставените уреди (камери) за сообраќаен надзор на подрачјето на градовите Куманово и Тетово.