Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека е поднесена кривична пријава против градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќура за „несовесно работење во службата“.
„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против градоначалникот на општина Струга М.Ќ. (65) од селото Биџево, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.
На 18 ноември 2025 година, во својство на градоначалник на Општина Струга, спротивно од Законот за јавни претпријатија, донел одлука за именување на вршител на должност директор на ЈП „Водовод и канализација“ – Струга, со која го назначил М.Ј. од Струга и покрај тоа што знаел дека нема соодветно образование и соодветен сертификат за познавање на англиски јазик, информира МВР.
Слични новости
Поскапеа речиси сите прехранбени продукти пред Велигден
Непосредно пред Велигден поскапеа јајцата, но нова повисока цена доби и зејтинот. Јагнешкото месо достигнува цена и до 700 денари за килограм.
Новиот ЕУ систем не создаде застои на граничниот премин Меџитлија
Иако првиот ден од продолжениот празничен викенд се поклопи со стартот на целосната примена на новиот систем за контрола при влез во земјите од Европската унија, сепак, на граничниот премин Меџитлија–Ники кон соседна Грција нема значајни промени во фреквенцијата.
Недостиг на терапија за пациентите со тип 1 дијабетес
Пациентите со Тип 1 дијабетес се соочуваат со продолжен недостиг на терапија, ленти и сензори, предупредува претседател на Асоцијацијата на дијабетичари, Димче Велев.


