Холивудскиот режисер Оливер Стоун ја завршува продукцијата на филмот „Белите лаги“ што се снима во Италија со актерски ветерани, кои и претходно играа во неговите филмови.
Кастот го предводат Вилијам Дефо кој играше во филмовите на Стоун „Вод“ и „Роден на 4-ти јули“ и Мајкл Даглас кој освои Оскар за главната улога на „Волкот од Вол стрит“.
Дел од кастот кој беше облоденет во средата е и актерката Елен Баркин и Хомер Гир, син на актерот Ричард Гир.
Сценариото и режијата на филмот се на Оливер Стоун, а филмот е провокативна семејна драма посветена на семејството, загубата и болката.
Слични новости
Дресот на Пеле од финалето од 1958 продаден за речиси 5 милиони долари
Дресот со бројката 10 што го носеше легендарниот бразилски фудбалер во финалето на Светското првенство во 1958 е продаден за 4,9 милиони долари, соопшти аукциската куќа Сотби.
Грција: Бројката на новородени бебиња опадна за скоро 50 насто
Грција бележи остар пад на наталитетот, па така бројот на новородени бебиња падна од 117.600 во периодот 2008-2009 на 65.000 последниве две години. Истовремено, просечната старост на родилките постојано расте и додека во 2008 изнесувала 30 години, сега изнесува 32,3 години, пишува Катимерини.
Играниот филм „Моана“ на Дизни прв на американскиот Бокс офис
Играната адаптација на анимираниот филм на Дизни „Моана“ заработи 43 милиони долари на Бокс офисот викендов во САД и е убедливо на првото место. „Моана“ заработи и 52 милиони долари на пазарите надвор од САД. Сепак, тоа е премалку за филм чиј продукциски буџет изнесува 250 милиони долари.


