Голем број на англиски медиуми јавуваат дека е постигнат конечен договор меѓу Манчестер јунајтед и актуелниот селектор на селекцијата на САД Маурицио Покетино, за тој да биде менаџер на тимот од Олд Трафорд.

Медиумите јавуваат дека Манчестер јунајтед ќе плати 10 милиони долари обештетување за да може Покетино да дојде во клубот, со кој претходно ги имаше договорено личните услови.

Пред да дојде во Манчестер Покетино за последен пат ќе ја предводи селекцијата на САД против Хаити.

Покетино го чека тешка ситуација, бидејќи Манчестер јунајтед е во зоната на испаѓање од Премиер лигата.

Слични новости

Премиер лигата му се извини на Манчестер јунајтед и призна дека голот на Халанд во дербите морало да биде поништен

Премиер лигата му се извини на Манчестер јунајтед и призна дека голот на Халанд во дербите морало да биде поништен

Се огласи судиската организација која ја призна вината и Премиер лигата и му се извини на Манчестер јунајтед со признание дека ВАР собата погрешила и дека голот морало да биде поништен, но натпреварот сепак е регистриран со 0:1 за Манчестер сити.