Денеска во САД се одржуваат избори на половина од претседателскиот мандат на кој се бираат сите членови на Конгресот и 35 од 100 сенатори. Резултат на изборите ќе определи дали републиканците на претседателот Донад Трамп ќе ја задржат контролата во Конгресот, или мнозинството ќе го преземат демократите.

На предвременото гласање имаше многу висок одзив, а демократите имаат предност од 13 процентни поени во раното гласање во 25 држави за кои постојат компаративни податоци.

Врз основа на аналитиката што ја изработи каталист, годинава повеќе луѓе излегоа на предвременото гласање а 28 држави го надмина својот вкупен број на гласачи пред изборите во 2022, вклучувајќи и некои клучни сојузни држави како Тексас, Мичиген и Јужна Каролина.

Најголем пораст на излезноста на гласањето има во подрачјата каде што демократскиот кандидат Камала Харис доби најголема поддршка на изборите во 2024.

Аналитичарите соопштија и дека е пораснат бројот на црни и латиноамерикански избирачи за два насто, во однос на претходните избори.   

Слични новости

Трамп бесен поради сојузот меѓу Канада и ЕУ, се закани со нови царини

Трамп бесен поради сојузот меѓу Канада и ЕУ, се закани со нови царини

Американскиот претседател Доналд Трамп го нарече „смешен“ предлогот на Европската унија Канада да стане нејзина придружна членка и се закани со воведување на „многу сериозни царини“ или намалување на трговијата со ЕУ.