Вооружени напаѓачи убиле најмлаку 10 луѓе, а раниле уште десетмина во напад што се случи во населбата Бекерсдал на 40 километри југозападно од Јоханесбург, соопшто локалната полиција. Мотивот на нападот е непознат, а според полициското соопштение напаѓачите пукале по случајните минувачи на улиците, пренесе Си-Би Ес.
Портпаролката на полицијата Бренда Муридили изјави дека десет луѓе се загинати во нападот, но дека полицијата нема информации за идентитетот на убиените. Уште најмалку десет луѓе се ранети и тие се префрлени во болница.
Ова е втор масовен напад во Јужна Африка овој месец, по нападот на 6 делември кога вооружени напаѓачи упаднаа во хотел во близина на Преторија и убија 12 луѓе меѓу кои и тригодишно дете.
Слични новости
Норвешката полиција го истражува поранешниот премиер Јагланд за врските со Епштајн
Норвешката полиција во четвртокот соопшти дека отворила истрага за „отежната корупција“ против поранешниот премиер Торбјорн Јагланд поради неговите врски со осудениот сексуален престапник Џефри Епштајн.
Обидот на Трамп да го присвои Гренланд ги сврте Ервопјаните против него
Најновата анкета што ја спроведе YouGov во данска, Германија, Франција, Италија, Шпанија и Велика Британија покажа дека Европјаните се свртеа против...
Атентат врз руски генерал во Москва
Високиот генерал во руската војска Владимир Алексеев е застрелан неколкупати и ранет во Москва. Генерал-полковникот Алексеев беше превезен во болница веднаш по нападот во станбена зграда во северозападниот дел на градот и неговата состојба е непозната.


