Мароко се пласираше во осминафиналето на Светското првенство во фудбал откако утринава ја победи Холандија на пенали (3: 2). Во регуларниот тек и по продолженијата натпреварот заврши 1:1. Поведе Холандија со голот на Гакпо во 72-та минута од мечот, а израмни Диао во 91-та минута.
Мароко ја имаше иницијативата и имаше повеќе удари кон голот на Холандија во текот на мечот.
Тренерот на Холандија Роналд Куман играше затворено со систем 5-3-2 и дури петмина во одбраната, па е на мета на остри критики во Холандија поради определбата да се брани.
Во групната фаза Холандија играше 4-3-3.
Слични новости
Фудбалерите на Англија во полуфиналето на СП по продолженија со Норвешка
Белингам и ја донесе победата на Англија во продолженијата, по шутот на Морган Роџерс и лошата интервенција на норвешкиот голман Ниланд кој ја одби топката до Белингам, кој го постигна својот шести гол на турнирот.
Швајцарија се пласираше во осминафиналето по рутинска победа против Алжир
Швајцарците убедливо и рутински го победија Алжир со головите на Емболо во 10-тата минута и на Ендоји во 46-тата минута од натпреварот. Алжир се обиде да направи резултатски пресврт но не создаде сериозни прилики за гол.
Модриќ: Немаше пенал за Португалија, немаше офсајд кога дадовме гол, ВАР-от е секогаш против нас
За пеналот Модриќ рече дека да било обратно ВАР никогаш немаше да интервенира. Тој рече дека од самиот старт е против ВАР и дека тој се применува селективно во зависност од големината на тимот.


