Мароко се пласираше во осминафиналето на Светското првенство во фудбал откако утринава ја победи Холандија на пенали (3: 2). Во регуларниот тек и по продолженијата натпреварот заврши 1:1. Поведе Холандија со голот на Гакпо во 72-та минута од мечот, а израмни Диао во 91-та минута.

Мароко ја имаше иницијативата и имаше повеќе удари кон голот на Холандија во текот на мечот.

Тренерот на Холандија Роналд Куман играше затворено со систем 5-3-2 и дури петмина во одбраната, па е на мета на остри критики во Холандија поради определбата да се брани.

Во групната фаза Холандија играше 4-3-3.

Слични новости

Британските медиуми со остри критики за селекторот Тухел кој се повлече по водечкиот гол со Аргентина

Британските медиуми со остри критики за селекторот Тухел кој се повлече по водечкиот гол со Аргентина

Британските медиуми се бесни на тактиката на селекторот Томас Тухел кој по водечкиот гол одбра тактика да се брани, целосно ја препушти иницијативата на Аргентинците и се надеваше да не прими гол.

Аргентина во финалето на Светското првенство по пресврт против Англија

Аргентина во финалето на Светското првенство по пресврт против Англија

Во 85-тата минута по асистенција на Меси Енцо Фернадез постигна прекрасен гол од 20 метри. Во втората минута од судиското надополнување, Мекалистер шутираше и ја погоди стативата, топката се одби кај Меси кој центрираше и го пронајде Лаутаро Мартинез кој со глава и ја донесе победата на Аргентина.