Марк Рафало кој е силен противник на споојувањето на парамаунт и Ворнер Брос, со кое Парамаунт треба да го откупу студиото Ворнер за 111 милијарди долари, остро ги демантираше обвинувањата на Парамаунт дека тој е антисемит. Рафало предизвика контроверза откако објави дека компанијата „Оракл“ на Лари Елисон изработува застрашувачка воена технологија која ја користи израелската армија во Газа.

Славниот актер објасни дека никогаш не бил антисемит. „ Обвинувањето дека јас сум антисемит е шокантно и целосно нечесно. Доколку критикувате одредени воени технологии или акциите на израелскиот премиер во Газа, тоа не значи дека имате нешто против Еврејскиот народ“.

Моите ставови се рефлексија на моите политички убедувања и не смеат да бидат интерпретирани како непријателски кон Еврејскиот народ за кој имам само почит. Се што знам за актерството, активизмот и хуманизмот е целосно обликувано од Евреи, кои биле мои пријатели и колеги“, објасни Рафало.  

Слични новости

„Спајдермен: Бренд њу деј“ ги урна сите рекорди и стана најуспешен филм во првата недела од прикажувањето во историјата на Бокс офисот

„Спајдермен: Бренд њу деј“ ги урна сите рекорди и стана најуспешен филм во првата недела од прикажувањето во историјата на Бокс офисот

Филмот има огромна гледаност и на пазарите надвор од САД каде што заработи 706 милиони долари и веќе ја надмина заработката од 1,2 милијарди долари, со што за само седум дена стана најуспешен филм на Бокс офисот во 2026.