Американската пејачка суперѕвезда Мараја Кери ќе настапи на миланскиот стадион „Сан Сиро“ на 6-ти февруари на церемонијата на отворањето на Зимските олимписки игри Милано-Кортина д’Ампецо, објавија организаторите во понеделникот.
Централната тема на Игрите е складноста а нејзиниот настап има цел да истакне како спортот и музиката поттикнуваат вклучителност, почит и културна размена.
Мараја Кери има освоено шест Греми награди во својата кариера и е една од најуспешните музичарки во светот, со продадени 220 милиони плочи.
Церемонијата на отворањето на Зимските олимписки игри на стадионот „Сан Сиро“ ќе биде продуцирана од миланското „Balich Wonder Studio“ а ќе настапат италијански и меѓународни ѕвезди.
Зимските олимписки игри Милано-Кортина д’Ампецо ќе се одржат од 6-ти до 22-ри февруари на терените во регионите на северна Италија (Ломбардија, Венето, Трентино-Алто Адиџе).
Слични новости
Зоотопиа 2 достигна 1.8, а Аватар 1.4 милијарди долари заработка
„Зоотопиа 2’ стигна до заработка од 1,8 милијарди долари на Бокс Офисот и го претекна на вечната листа „Авенџерс : Бескрајната војна“ кој има заработено 1,37 милијарди долари.
Документарецот „Меланија“ потона на Бокс Офисот по ветувачката премиерна недела на прикажување
Меланија има исклучително лоши критики, а стручната јавност го оцени како одвратен филм и пропаганда, додека Ротен томејтоус му даде мизерни 6 насто од гледачите.
„Испратете помош“ втора недела на врвот на американскиот Бокс Офис
Црниот хорор -трилер на режисерот Сам Реими со Рејчел Мек Адамс и Дилан О Брајен во главните улоги засега заработи 36 милиони долари во САД и 18 милиони долари на странските пазари за 10 дена прикажување

