Откако тренерот на Манчестер јунајтед Мајкл Карик минатата недела доби отказ, Манчестер јунајтед денеска го отпушти и целиот стручен штаб на клубот.

Како што е официјално потврдено, откази им биле врачени на Тревис Бинион, Џони Еванс, Стив Холанд, Крег Моусон и Џонатан Вудгејт. Сите тие му беа помошници на Мајкл Карик.

Новиот тренер на Манчестер јунајтед Маурисио Покетино донесе со себе комплетно нов стручен штаб, пред која е многу тешка задача.

Манчестер јунајтед има најслаб старт во последните 30 години и е во зоната на испаѓање од Премиер лигата, што беше и причината за отказот на Карик и доведувањето на Покетино.

 

 

Слични новости

Покетино неделава ја презема клупата на Јунајтед, навивачите незадоволни од планираните засилувања

Покетино неделава ја презема клупата на Јунајтед, навивачите незадоволни од планираните засилувања

Првата цел на Покетино во дефанзивата е Калвин Баси од Фулам кој може да игра лев бек и стопер. Баси има 26 години, во Фулам дојде од Ајакс, а експертите сметаат дека нема квалитет за да игра во голем англиски клуб.