Карлос Балеба и официјално е ново засилување на Манчестер Јунајтед, откако тимот од Манчестер се согласи да му плати на Брајтон обештетување од 70 милиони фунти за играчот за врска од Камерун.

Претходно менаџерот Мајкл Карик летоска успеа да ги доведе Андреј Сантос од Челси и Јури Тилеманс од Астон Вила, со што сериозно го засили редот за врска.

Калеба нема веднаш да настапува за Манчестер јунајтед, откако се здоби со повреда на мечот против Тромсо во Лигата на конференции.

На крајот од претходниот рок големо засилување доведе и Арсенал кој го потпиша бекот на англиската фудбалска репрезентација Езри Конса од Астон Вила за 55 милиони фунти.

Слични новости

Флик: Јамал ја заслужува „Златната топка“

Флик: Јамал ја заслужува „Златната топка“

Јамал се наоѓа меѓу 30-те номинирани фудбалери за „Златната топка“. Јамал кој беше прогласен за играч на сезоната во шпанската ла лига, го освои и Светското првенство во фудбал со репрезентацијата на Шпанија.

Ајакс од Амстердам потпиша договор со доскорешниот играч на Тотенхем Ив Бисума

Ајакс од Амстердам потпиша договор со доскорешниот играч на Тотенхем Ив Бисума

Бисума во 2022 дојде во Тотенхем од Брајтон за сума од 30 милиони фунти, но поради честите повреди малку играше за Тотенхем, па клубот од Лондон не му понуди нов договор на Бисума, кој во Ајакс дојде како слободен играч.