Манчестер јунајтед никако да постигне победа во некое од натпреварувањата. Синоќа на гостувањето во Лисабон успеа да направи преврт од 0:1 на 2:1, но пред крајот на мечот концентрацијата на тимот попушти и прими гол за конечни 2:2.

Стрелецот на двата гола за Манчестер јунајтед Бруно Фернандеш по натпреварот изјави дека тимот ја покажал потребната агресивност, но направил многу грешки кои се составен дел од фудбалот. Тој рече дека сите мора да ја преземат вината и дека мора да бидат заедно ви добри и во лоши моменти.

Бруно порача дека клучно е да се фокусираат на Премиер лигата каде што се претпоследни и каде што се борат за гол живот.

Слични новости

Тесна победа на Денвер во Мемфис

Тесна победа на Денвер во Мемфис

Кошаркарите на Денвер утринава на гостински терен го победија Мемфис со 123:118, со што ја забележаа петтата победа на последните седум меча.