Манчестер јунајтед никако да постигне победа во некое од натпреварувањата. Синоќа на гостувањето во Лисабон успеа да направи преврт од 0:1 на 2:1, но пред крајот на мечот концентрацијата на тимот попушти и прими гол за конечни 2:2.

Стрелецот на двата гола за Манчестер јунајтед Бруно Фернандеш по натпреварот изјави дека тимот ја покажал потребната агресивност, но направил многу грешки кои се составен дел од фудбалот. Тој рече дека сите мора да ја преземат вината и дека мора да бидат заедно ви добри и во лоши моменти.

Бруно порача дека клучно е да се фокусираат на Премиер лигата каде што се претпоследни и каде што се борат за гол живот.

Слични новости

Луис Енрике по мечот со Рома изјави дека италијанскиот тим може да го освои Скудетото

Луис Енрике по мечот со Рома изјави дека италијанскиот тим може да го освои Скудетото

Тренерот на ПСЖ Луис Енрике не сакаше да се „вади“ на многубројните повредени играчи во својата екипа, туку упати комплименти на сметка на Рома.
Тој рече дека натпреварот против Рома бил најтешкиот што го одиграл ПСЖ оваа сезона и рече дека тимот што го води Гасперини е со многу карактер и агресивен.

Реал Мадрид е подготвен да го пушти Ендрик во зимскиот преоден рок

Реал Мадрид е подготвен да го пушти Ендрик во зимскиот преоден рок

Напаѓачот на Реал Мадрид Ендрик ќе добие зелено светло за трансфер доколку не сака да остане во Реал. Како што пренесувааш шпнаските медиуми Ендрик го контактирале неколку клубови, но засега не е договорено ништо конкретно.

Дониел Мален на мета на ПСЖ и Баерн

Дониел Мален на мета на ПСЖ и Баерн

Мален има договор со Рома до 2030-та, а Рома порача дека не сака ни да разговара за продажба на Мален, бидејќи смета дека ќе се бори за титулата. Сепак, понуда повисока од 50 милиони евра, би можела да ја искомпликува ситуацијата, пишуваат италијанските медиуми.