Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Европа ќе биде збришана за пет години, ако не стори ништо да стане учесник во светските случувања, наместо нивни набљудувач.

„Ако сакаме да бидеме набљудувачи, тогаш тоа води кон среќна покорност. Никому не пречиме, се обидуваме да бидеме љубезни кон Американците, а со Кинезите продолжуваме како и претходно. Ви велам, ако не сториме ништо, Европа ќе биде збришана за пет години“, рече Макрон.

 Макрон потенцира дека Европа секогаш пропаѓала кога била бавна и поделена. Околу обидот на САД да го анектираат Гренланд францускиот претседател порача дека никој не знае колку далеку е подготвен да оди Трамп.

 

Слични новости

Трамп тврди дека Иран бргу ќе се предаде

Трамп тврди дека Иран бргу ќе се предаде

Трамп им кажал на сојузниците дека „се ослободил од рак кој им се заканувал на сите“, додека се фалел со резултатите од операцијата „Епски гнев“ на состанокот на Г7 во средата наутро и ги уверувал дека војната во Персискиот залив нема долго да трае.