Компанијата ОКТА донесе одлука до крајот на март да обезбеди попуст од два денара по литар за дизел и бензин, за трговците кои набавуваат горива од компанијата. Велат дека овој потег доаѓа по зголемените количини гориво кои биле обезбедени преку продуктоводот „Вардакс“. Но, од нафтената компанија „Макпетрол“ сметаат дека намалувањето на цените од 2,5 денари (со ДДВ) за литар на нафтените деривати од страна на ОКТА не е доволно и не го решава проблемот кој го налага моменталната ситуација.

„Од утре, па до крајот на месецот, воведуваме попуст од два денара за литар дизел и бензин за оние големопродажни и малопродажни трговци коишто ги набавуваат своите горива од ОКТА. На тој начин, ние всушност им овозможуваме на овие компании понатаму да ја пренесат оваа придобивка кон потрошувачите. Сепак, мораме да нагласиме дека малопродажните и големопродажните трговци со горива ја задржуваат својата целосна слобода самостојно да ги утврдуваат продажните цени на горивата“, изјави Димитриос Пасхос, главен извршен директор на ОКТА АД – Скопје.

Од нафтената компанија „Макпетрол“ предупредуваат дека со оглед на состојбата, се очекува цените на суровата нафта и понатаму да растат, а тоа значи дека трговците и натаму ќе бидат принудени да работат со загуби. Посочија дека ОКТА и досега им продавала по цени повисоки од малопродажните.

„Имајќи предвид дека добавувачот во изминатиот период продаваше по многу повисоки цени од малопродажните регулирани цени од страна на РКЕ и остваруваа профити, додека трговците на мало работеа во загуба, но не ги затворија своите продажни објекти, за очекување беше дека ќе се добијат повисоки дисконти во набавната цена“, реагираат од „Макпетрол“.

 Од „Макпетрол“ посочуваат дека како најдобро решение за надминување на проблемот за сите засегнати страни вклучувајќи и граѓаните, е замрзнување на набавните цени на нафтените деривати, а со тоа и малопродажните цени, како што е пракса во регионот. Додаваат и дека сè уште го чекаат официјалното известување од добавувачот ОKTA за намалувањето на цената.

Слични новости

Нов минималец усогласувањето од 1.600 денари излезе во Службен весник

Нов минималец усогласувањето од 1.600 денари излезе во Службен весник

Со ова мартовските примања на оние кои добиваат минималец ќе изнесуваат 26.046 денари. Според, последните податоци за синдикалната минимална кошничка која секој месец ја објавува ССМ една минимална плата оди само за храна и пијалаци.

АВМУ: Носителите на јавните функции не смеат да ги дискредитираат новинарите

АВМУ: Носителите на јавните функции не смеат да ги дискредитираат новинарите

Соопштението на АВМУ уследи по реакцијата на гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, на новинарско прашање поставено од новинар на ТВ Канал 5 за време на јавен настан наменет за медиумите.

Инспекција ја затвори мензата во „Рек Битола“поради сомневања за труење со храна

Инспекција ја затвори мензата во „Рек Битола“поради сомневања за труење со храна

Агенцијата за храна и ветеринарство и Државниот санитарен инспекторат ја затворија мензата во „Рек Битола“ поради сомневања за труење со храна. Велат така ќе остане се до добивање на конечни резултатите.