Македонското знаме, конечно, поставено во кабинетот на Али Ахмети во Мала Речица по 24 години од формирање на Демократската унија за интеграција (ДУИ), пренесе порталот „Тетова сот“.

Државното знаме, заедно со партиското на ДУИ, како и знамињата на Албанија и на ЕУ, можеше да се забележи во фотогалеријата на Фејсбук профилот на Ахмети од средбата со австрискиот амбасадор во Мала Речица.

Али Ахмети изјави дека истакнувањето на државното знаме никогаш не му претставувало проблем, за што му сугерирале и амбадорите во земјава. Таквиот потег, е во согласност со верувањето дека државата им припаѓа на сите граѓани и дека државните симболи мора да се почитуваат, рече лидерот на ДУИ кој порача дека отсекогаш се залагал за унитарна држава.

 

Слични новости

Нови 11 случаи на ХИВ регистрирани во јули во Македонија

Нови 11 случаи на ХИВ регистрирани во јули во Македонија

Нови 11 случаи на ХИВ/СИДА се регистрирани во јули во земјава – покажуваат податоците на Институот за јавно здравје за движењето на акутните заразни заболувања. Од вкупниот број регистрирани случаи, девет се мажи и две се жени